Приказната за Адам Џонсон е многу срамна тема за англискиот фудбал. Играчот од средниот ред кој долги години беше дел од Премиер Лигата беше осуден за силување на 15-годишна навивачка, но ова е само дел од она што иследниците го имале за него. За време на истрагата, на пример, се покажа дека фудбалерот знаел колку години има девојката и се обидел да ја силува во моментите кога неговата вистинска девохјка била во болница, чекајќи го раѓањето на неговата ќерка. Плус, во компјутерот на Џонсон се пронајдени порно филмови со животни.

Се разбира, пред крајот на истражните дејствија, играчот остана без спонзорски договори. Еден месец пред судењето, Џонсон го раскина договорот со Сандерленд. Во првиот затвор каде што беше примен, за малку избегнал смрт. Затворениците свесни за тоа кој им дошол „на гости“ крвнички го претепале. Фудбалерот бил префрлен во друг затвор, нои таму од почетокот бил малтретиран и тепан.

Меѓутоа, со текот на времето, Адам повеќе не е ѕвезда случајно фатена зад решетки. Добива дозвола да игра фудбал. Во март ќе навршат точно три години откако е зад решетки. Половина од казната ја помина додека траеше судењето. Тој се надева дека ќе добвие шанса за помилување, и има намера да ја искористи шансата. Ако добие шанса да излезе од затвор. Адам има план за продолжување на кариерата како професионален фудбалер. Тој планира да напише отворено писмо до сите клубови барајќи од него да му дадат шанса.

Џонсон има речиси нула шанса да ја обнови својата кариера во Англија. Ниту еден од клубовите не би го ризикувал реномето, па дури и оние од шестата или седмата лига. Пријателите на Адам тврдат дека тој е сериозен. Се чини дека никој од негова близина не верува дека ќе може повторно да почне да игра во Англија, но велат дека можеби нема да има проблем да заигра во Кина, Турција или на Блискиот Исток. Се зависи од новата судска пресуда за помилување.