Култната комедија „Look Who’s Talking“ ќе добие нова верзија. Наскоро се навршуваат 30 години од премиерата на филмот со Кирсти Али, Џон Траволта, Брус Вилис и бебето Мајк.

Приказната за самохраната мајка која се обидува да најде татко за своето дете, кое патем има татко кој има друга жена и деца, стана хит во 1989 година. Филмот потоа доби продолжение во 1993 година, а инспирираше и создавање тв-серија.

Сега е време да се појави нејзиниот римејк. Џереми Герелик го подготвува сценариото и ќе биде режисер на најновата верзија. Продуцент ќе биде Адам Филдс, а и двајцат аод неодамна изјавија дека ова продолжение ќе биде модерна верзија на приказна со многу разновиден актерски тим.