Оригиналниот стрип-продуцент Мајк Ричардсон работи на продолжение на еден од најпопуларните филмови во 90-тите, „Маска“.  Холивудската ситуација во последните неколку години целосно го оправдува ваквиот пристап. Уште повеќе што Ричардсон сака да го промени не само полот на главниот лик, туку и неговиот сеопфатен образ да биде малку посурова, во стилот на “Дедпул”.

„Замислувам актерка во главната улога, што е многу доброа во физички аспект на комедијата. Знам кој ќе биде идеален за улогата, но нема да го кажам нејзиното име. Сепак, ние прво мора да ја убедиме да ја прифати улогата“, вели Ричардсон.

Тој додава дека филмот ќе биде поинаков и ќе покаже што се случува со луѓето кои одеднаш имаат апсолутна моќ. Според некои претпоставки, можниот избор на Ричардсон лежи помеѓу Мелиса Маккарти и Кејт Меккинон.