Со оглед на тоа што Vince Gilligan во последно време е зафатен со продукција на серијата „Better Call Saul“, која всушност е prequel на една од најпопуларните тв-серии во последните 10 години, „Breaking Bad“, фановите на серијата веројатно не ни сонуваа дека истиот тој Vince Gilligan има во план да направи и филм темелен на приказната од „Breaking Bad“.

Но, тоа е токму во планот на Vince.

Во моментов тој го прави сценариото и се подготвува за режирање на филмот на традиционалните места во Albuquerqueu. Филмот има работен наслов „ Greenbrier“, а други детали засега не се објавени. Целиот проект е затскриен од јавноста, па не се знае ниту кој ќе бид ево актерската екипа и дали ќе има познати ликови.

извор: mojtv.hr