Charlize Theron и Ocar Isaac се избрани за главните улоги во новиот The Addams Family филм. Theron ќе се појави во улогата на убавата Morticia Addams, а во улогата на Gomez ќе се појави новата ѕвезда од Star Wars – Oscar Isaac. Во останатите улоги ќе се појават Chloe Grace Moretz како Wednesday Addams, Finn Wolfhard како Pugsley Addams, Nick Kroll во улогата на Uncle Fester, Bette Midler како Grandmama и Allison Janney како Margaux Needler.

Можеби разочарувачка информација е дека ќе станува збор за анимиран филм, кој ќе го режираат Conrad Vernon и Greg Tiernan. Содржината на филмот ќе се однесува на периодот кога Morticia и Gomez се запознаваат и го започнуваат нивното семејство. The Addams Family се очекува да се појави во кино салите на 11-ти октомври 2019-та година.

 

Извор: USA Today