Филмовите кои беа на првите две позиции изминатиот викенд, повторно се на врвот но со мала заработка. На првото место се најде Angel has Fallen со Gerard Butler и Morgan Freeman, кој заработи околу 11.5 милиони долари. Досегашната заработка на филмот е околу 43.6 милиони долари. На второто место е филмот Good Boys со заработка од 9.1 милиони долари, а вкупната заработка вклучувајќи и надвор од САД е 70.2 милиони долари.

Слабата заработка на филмовите допринесе филмови кои беа во опаѓање, повторно да се искачат нагоре. Spider-Man: Far from Home кој претходниот викенд беше на 15-то место, овој викенд се најде на 8-то место со заработени нови 4.2 милиони долари. Ова е втор најслаб викенд за оваа година, во кој најдобрите 12 филмови имаат заработка од само 69.5 милиони долари. Според анализите, ова лето сепак е на 8-то место во историјата според остварената заработка.

Ваквиот очаен резултат ќе биде сменет во следниот викенд, бидејќи оваа седмица својата премиера ќе ја има It: Chapter Two, продолжение на успешниот хорор It од 2017-та година.