Хирурзи од клиниката за пластична хирургија во рускиот град Иваново направија вистински подвиг откако успешно направија 3D-отпечаток на дел од черепот на младо 15-годишно момче кое претрпело тешки повреди на главата за време на сообраќајна незгода.

Лекарите најпрво успеале да го спасат дететот, а потоа да најдат начин да го реконструиратаа черепот на неговата глава, кој бил со сериозни оштетувања и речиси половина од черепот морал да се моделира на 3D-печатач.

Скоро 8 месеци 15-годишниот Егор мина меѓу животот и смртта. Отекувањето и повредата на мозокот не е челосно зацелена, па лекарите и натаму се грижат за неговото здравје.

„Повредата беше исклучително тешка. Немаше предвидувања. Сите ја завршија својата работа и сè се покажа како успешно. Тие го спасија моето дете “, изјавила мајката на Егор.

По операцијата која била направена веднаш по сообраќајната несреќа, лекарите почнале да се подготвуваат за краниопластика. Всушност, неопходно било да се заменат смачканите коски на черепот со титаниумска плоча. Со оглед на тоа што рачно оваа плоча не може да се направи, единственото речение било да се испечати на 3D-печатач.

Создавањето на плочата траело три недели. Биоинженерите прво со користење на компјутеризирана томографија ја испитувале проблематичната област и ги преземале потребните мерења. Потоа се печатела копија од пластика и врз основа на неа на крајот е создаден имплант од титаниум.