Британскиот пејач Род Стјуарт повеќе нема да пее рок, туку ќе се префрли на џез класиците и стари шлагер.

74-годишниот Стјуарт, се уште оди на концертни турнеи, додека многу од неговите врсници, како Елтон Џон и Ози Озборн, објавија дека планираат повеќе да не патуваат. Пејачот не се откажува од концертите, но вели дека во иднина нема да ги пее неговите провокативни рок хитови.

„Мислам дека секогаш ќе пеам, но не можам тоа да го правам засекогаш. Време е да се каже: “Доста, ги оставам тесните панталони”, вели тој.

Стјуарт планира специјална сет-листа за следните концерти на која ќе доминираат американски хитови од првата половина на 20 век.