И по 11. коло од новата сезона во можеби најсилното европско национално фудбалско првенство три екипи се без пораз. Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи не претрпеа ниту еден пораз од почетокот на новата сезоната, што ја прави истата навистина уникатна.

Кога Премиер Лигата сè уште не постоеше (во ваков формат како денеска) и кога англиските клубови се уште се бореа за титулата во тогашната Прва лига, само двапати се има случено по првите 10 првенствени кола да има дури три непоразени тимови. За првпат тоа се случи во сезоната 1978/79, кога Ливерпул, Евертон и Нотингем Форест немаа загубено меч во првите 10 рунди, а потоа истото се повтори и во сезоната 1990/91, кога четири екипи, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем и Кристал Палас, беа непоразени по првите 10 кола.

Ова потврдува колку сериозно се одвива борбата за титулата оваа сезона. Ако се потпреме на историјата, добро е да се знае дека тамошните факти велат дека во ваква ситуација 100% е сигурно дека еден од овие три тима ќе биде новиот шампион. Барем така беше во 1979 и 1991 година. Тогаш Ливерпул (1979) и Арсенал (1991) успеаја на крајот да го кренат шампионскиот пехар.