Премиерниот викенд за филмот Venom на Sony беше прилично успешен заработувајќи 80 милиони долари. На второто место е уште еден новитет, A Star is Born во кој главните улоги ги играат Bradly Cooper и Lady Gaga. A Star is Born заработи 42.6 милиони долари во САД во својот премиерен викенд. Претходниот рекорд за премиерен викенд во октомври беше на Gravity од 2013-та година кој заработи 55.7 милиони.

Venom има вкупна интернационална заработка од околу 205 милиони долари. A Star is Born има интернационална заработка од околу 56.6 милиони долари. Според податоците, очекувано е што публиката на филмот Venom е претежно од машки пол (59%), но само 36% од публиката била постара од 25 години. На третото место е анимираниот филм Smallfoot со заработка од 14.9 милиони долари овој викенд или вкупна интернационална заработка од 75 милиони долари. На четвртото место е Night School, а на 5-то место е The House With A Clock In Its Walls. Вкупната заработка на првите 12 филмови на листата е 168 милиони долари. Следниот викенд премиера ќе имаат филмовите First Man, Goosebumps 2: Hunted Halloween и Bat Times at the El Royale.

A Star is Born