Повеќе од 33.000 европејци умираат секоја година од инфекции предизвикани од бактерии кои имаат развиено отпорност кон антибиотици. Ова се фрапантни податоци кои се појавија по последните анализи на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Ако ваквиот тренд продолжи, резистентноста кон антибиотици може да има исто влијание врз здравјето на населението како и она кое го имаат трите главни инфективни болести: грип, СИДА и туберкулоза.

Оваа студија е најголема досега спроведена од оваа институција, и истата дава резултати дека во 39% од случаите бактериите веќе се имуни на т.н. “последна линија” на антибиотици како што се колостините и карбапенемите. Ова, е исклучително „загрижувачки, бидејќи овие антибиотици се најновите достапни за третирање на болни“.

„Кога овие лекови повеќе не се ефикасни, многу е тешко и во многу случаи невозможно да се лекуваат овие инфекции“, велат лекарите.

Истражувањето се базира на податоци собрани во текот на 2015 година од голема мрежа на болници во Европската унија, како и Норвешка и Исланд. Користејќи математички проценки, авторите пресметале дека имало 670.000 инфекции само таа 2015 година предизвикани од мултирезистентни бактерии, а како резултат на тоа” 33.110 пациенти починале.

извор: ElPais.com