Компанијата Red Bull GmbH ќе им компензира по 10 долари на клиентите кои веруваа во слоганот на марката: „Ред Бул ви дава крилја“.

По групната тужба поднесена против компанијата, слична на онаа што некои американски потрошувачи исто така ја поднеле во 2013 година и која заврши со исплата на 13 милиони долари по договор, овој пат, тужбата е поднесена од адвокатот Мајкл Атар во Канада. Адвокатот тврди дека Ред Бул давал лажни реклами за корисноста на нејзините производи и дека, според тоа, канадските потрошувачи кои купиле „Ред Бул“ во изминатите 12 години имаат право на 10 долари како резултат на спогодбата од тужбата.

Хемиските анализи покажале дека наводните придобивки од тауринот, не соодветствуваат во начинот на кој компанијата го преставува производот во јавноста.