Билетите за музичкиот фестивал Glastonbury 2019 се распродадени за половина час. Организаторката Emily Eavis испрати твит во кој објави дека билетите биле ставени на продажба вчера во 9 часот изутрина и рекорден број на луѓе се обиделе да купат билети. Се очекува околу 200.000 луѓе да го проследат фестивалот кој ќе се одржи во јуни на Worthy Farm во Сомерсет, Англија.

Glastonbury 2019

Засега не се објавени имиња на изведувачите, но се шпекулира дека Paul McCartney би требало да настапи. Инаку, цената на билетите изнесува 248 британски фунти. Во 2018-та година не беше организиран фестивалот за да може „да одмори фармата, селото и фестивалскиот тим“.

Glastonbury 2019