Либански нуркачи во близина на брегот каде што бил лоциран античкиот феникиски град Тир, на длабочина од 35 метри пронајдоа 11 потонати бродови. Шефот на друштвото на професионални нуркачи, како и директорот на училиштето за нуркачи во Сајдун, Мохамед Саруџи верува дека сите овие бродови потонале поради невреме.

„Ова се случило за време на опсадата на Тир, која ја извел Александар Македонски во 332 п.н.е.“, вели Саруџи.

Освојувањето на градот беше една од најсветлите победи на легендарниот војсководец. По наредба на Александар Македонски, била изградена вештачка брана, по што опсадните бродови биле оставени до ѕидовите на тврдината. Невремето кое ја зафатило областа на Тир било придружено од постојани поморски битки. За време на седуммесечната опсада загинале околу 400 Македонци и повеќе од 9000 Тиријци.

“Потонатите  бродови најверојатно биле користени при изградбата на браната. Тие биле уништени на брегот од силни бранови”, смета Саруџи.

Во меѓувреме, во одделот за антиквитети и музеи од Јужен Либан, откритието го толкуваат како двосмислено. Според официјалните лица, се уштенема “цврсти докази” за вакво тврдење на нуркачите.