Група археолози од Шведска, Данска и Франција ја открија најстарата ДНК-трага во светот на бактеријатаYersinia pestis која предизвикува чума. Истата е пронајдена во една масовна гробница која датира од пред околу 5000 години во југозападна Шведска.

Од Универзитетот во Гетеборг велат дека трагите се потврда на првата голема пандемија во светот. Гробницата е лоцирана во областа на градот Фалчопинг, а благодарение на модерната технологија на ДНК, е детектирана Yersinia pestis која се уште ја има на скелетите на селаните кои живееле на ова место пред околу 4900 години.

Според истражувачите, откритието може да послужи како доказ за првата пандемија што го погоди населението по трговските патишта од Европа до Азија.

извор: iz.ru