Креаторите на продолжението на познатиот филм „Гладијатор“ потврдија дека проектот оди во добра насока и дефинитивно ќе дојде најдоцна до 2025 година. Продуцентите Лори Мекдоналд и Волтер Ф. Паркс, потврдија дека активно се работи на проектот кој треба да биде продолжение на приказната која во 2000 година заврши со смртта на генералот Максимус.

„Ние работиме активно со Ридли на овој проект, и ве уверувам дека нема да го запреме. Соработуваме со брилијантен сценарист и навистина го чекаме со нетрпение почетокот на реализацијата на проектот“, изјавиле продуцентите.

Се очекува во центарот на заплетот на продолжението да биде Луциј, внукот на царот Комод, кој беше убиен од Максимус во двобојот во арената на Колосеумот. Распоредот за снимање и можниот датум на пуштање на филмот сè уште не се познати.