Продажбата на музички албуми на винил, забележа раст и на почетокот на 2019 година. Според BuzzAngle Music 2018-тата е завршена со рекордна продажба на винили.

Продажбата на вакви изданија пораснале за 12% од 8,6 на 9,7 милиони продадени единици, додека продажбата на касети е исто така зголемена за речиси 19%. 66 проценти од овие продажби на винил биле албуми, кои се постари и кои се издадени од групи кои се веќе легенди на светската музичка сцена како The Beatles, Fleetwood Mac и Pink Floyd. Интересно, касерти повеќе се продаваат за новите изданија на сега актуелните пејачи.

Од друга страна, продажбата на компакт дискови забележа пад од 18,5%, што резултираше со пад на продажбата на физички албуми за повеќе од 15%.

Во продолжение се петте најпродавани албуми на винил за 2018-тата:

1 – Guardians of the Galaxy: Awesome Mix Vol. 1 (Various Artists)

2 – Thriller (Michael Jackson)

3 – Abbey Road (The Beatles)

4 – Rumours (Fleetwood Mac)

5 – Purple Rain (Prince & The Revolution)