HBO синоќа и официјално го објави трејлерот за последната сезона од култната тв-серија, „Game of Thrones“. Она што фановите со нетрпение го очекуваат, првите кадри до финалните шест епизоди со кои ќе биде завршена приказната која предизвика масовна хипноза кај тв-фановите во изминатите неколку години.

Долгоочекуваните завршни епизоди веќе е јасно дека ќе почнат да се емитуваат на 14 април, кога HBO ја закажа премиерата на последната сезона. Во продолжение, еве како изгледа она што веќе е подготвено.