Во Causeway Bay во Хонг Конг еден човек беше претепан пред едно од кината во градот. Човекот кој бил претепан излегувал од една од кино салите во кои се прикажувал најновиот филм на Marvel – Avengers Endgame. Откако на глас почнал да раскажува за содржината на филмот токму на оние кои чекале да влезат да го гледаат филмот, човекот бил нападнат од некои од посетителите.

претепан за Avengers

Во претходниот период дури и режисерите на филмот Anthony и Joseph Russo порачаа на гледачите да бидат внимателни и да не им ја расипуваат неизвесноста на другите кои сакаат да го гледаат филмот.