Првата серија која се снима за HBO од овој дел на светот потпишана од нашиот Марјан Алчевски, насловена како „Успех“ премиерата на сите сервиси на HBO ќе ја има на 26 декември. Серијата ќе биде прикажувана на HBO GO услугата но и на HBO каналите во регионов.

Станува збора за шестделна серија чиј креатор е нашиот Марјан Алчевски кој веќе подолго време живее и работии во Загреб, а кој беше победник на HBO Adria First Draft натпреварувањето. Како режисер на серијата се јавува Данис Тановиќ. Во главните улоги се појавуваат Иво Михалиќ, Уликс Фехмиу, Тара Талер, Тони Гојановиќ и Марија Шкаричиќ.