Веќе е познато како ќе изгледа официјалниот постер на еден од главните филмски настани оваа година, Канскиот филмски фестивал. Како и секогаш, идејата на организаторите е да се фати дел од магијата на филмот. Во тој поглед, годинава ќе биде почестен францускиот режисер Агнес Варда, кој почина минатиот месец на 90-годишна возраст. 

На постерот кој е веќе изработен, може да се види Варда за време на снимањето на неговиот дебитантски филм “La Pointe Courte” во 1955 година, чија премиера беше на Канскиот филмски фестивал.