Една од легендите на светската филмска сцена, Clint Eastwood, го престави трејлерот за своето најново филмско дело, во кое тој ја има и главната улога. Станува збор за филмот „The Mule“ чија официјална премиера е закажана на 14 декември.  Ова е прва улога за Eastwood по пауза од цели 10 години.

Првиот трејлер за неговиот нов филм, стигна два месеци пред светската премиера. Инаку, станува збор за приказна за старецот Ерл Стоун, груб и осамен човек, кој одлучува да прифати понуда за работа во која тој  мора да го вози својот стар пикап камион и да пренесува извесна стока. Работата изгледа премногу лесна, но старецот всушност работи како курир на еден мексикански нарко картел.