Младата холандска фирма „Lightyear“ е подготвена да започне со испорака на возило што компанијата го дефинира како прво комерцијално соларно електрично возило во светот. Прототипот на „Lightyear“  работи целосно на сончевата енергија со можностз а поминување и до 800 километри со едно полнење на соларните ќелии.

Идејата за електрични возила на погон од вградени соларни ќелии, добива на интензитет. Hyundai и Kia Motors развиваат електрични возила со сончеви покриви, но засега нема најава за појава на возило за комерцијална употреба.

„Lightyear“ се надева дека нивното возило ќе биде првото од ваков вид кое се нуди како комерцијален модел – Lightyear One. Компанијата соработува со холандскиот партнер LeasePlan за да го понуди Lightyear One и на лизинг.

Овој соларен автомобил наскоро ќе биде достапен за резервации преку веб-страницата на компанијата. Еколошкиот автомобил ќе биде достапен во две модификации, со почетна цена од 119.000 евра.