Gourmet Grubb, старт-ап од Кејп Таун, Јужна Африка, се надева дека ќе го искористи сладоледот како една од формите за почеток на производство на храна од инсекти. Луксузниот сладолед користи EntoMilk, млечна алтернатива направена со мешање на ларвите на тропски инсект, познат како црна мушичка.

ООН предвидуваат дека светот ќе мора да го удвои производството на храна за да го нахрани светското население до 2050 година и долго време го промовира одгледувањето на инсекти како одржлив алтернативен извор на протеини наместо традиционалните животни.

„Ние се стремиме да го промениме начинот на кој се гледаат инсектите и како можат да се користат во прехранбената индустрија“, вели Лиа Беса, која го основаше Gourmet Grubb во 2017 година.

Иако се проценува дека над 1900 видови инсекти се консумираат од луѓе ширум светот, тие се уште не влегле во западната кујна.

Аромите на сладоледот вклучуваат чоколадо, путер од кикирики и Божиќни зачини, а според Беса, EntoMilk има текстура која на сладоледот му дава „богат, кремаст вкус.“

Сладоледот со млеко од инсекти се прави и со природни состојки како суров мед, какао, зачини и органски путер од кикирики.

Сладоледот на Gourmet Grubb во моментов е достапен само во Јужна Африка.