Можеби и никогаш не сте слушнале, но најстарата откриена парфимерија во светот е во европа. Имено, според некои истражувања на Кипар е откриена фабрика за парфеми кој апотекнува уште од 2000 година п.н.е.

Оваа локација е од бронзеното доба и на неа се пронајдени садови од керамика во кои се претпоставува дека се складирале парфемите. Поради големината на комплексот и бројот на парфеми кои се пронајдени, се чини дека се што како мирис/парфем било произведено таму, се носело и преку Средоземното Море.

Во комплексот на откриени објекти има неколку различни индустрии кои се одвивале истовремено. Пронајдени се и делови во кои се чувале компонентите за производство на мириси како вино, маслинки…

За да направите парфем во тоа свет, мирисот на природните производи морало да се извади. Бидејќи многу ароматични хемикалии не се растворливи во вода, морало да се користи одредена форма на масло, а маслиновото масло било лесно достапно. Дури и во времето на објавувањето на откритието во 2005 година, археолозите пронашле 12 парфеми на локалитетот, сите натопени во маслиново масло.