Eunice Gayson, која беше првата „Бонд девојка“, кога ја играше Силвија Рен во филмот „Доктор Но“, а потоа ја репризираше нејзината улога во „Од Русија со љубов“, почина на 90-годишна возраст.

„Толку сме тажни кога дознавме дека Eunice, нашата прва ’Бонд девојка’, почина. Нашите искрени мисли се со нејзиното семејство“, напишаа на својот Twitter профил, продуцентите на Џејмс Бонд филмовите, Michael G. Wilson и Barbara Broccoli.

Eunice Gayson беше родена во Сјури, Англија во 1928 година и имаше 60-годишна кариера на сцената. На екранот се појави за првпат кон крајот на 40-тите години од минатиот век. Покрај улогата во филмовите за Џејмс Бонд позната беше и по улогата во хорор филмот „Одмаздата на Франкенштајн“ од 1958 година.

извор: Deadline