Оперската пејачка која генералната јавност највеќе ја знае по дуетот со Freddie Mercury, почина на 85-годишна возраст. Таа со години наназад се мачеше со сопственото здравје, а починала во билницата Sant Pau во Барселона, во која престојувала во последниот месец. Според портпаролот на болницата, нејзиното семејство побарало да не биде објавена причината за нејзината смрт.

Caballe имаше фантастична оперска кариера во траење од 5 децении со дури 4.000 сценски настапи во околу 90 оперски ролји. Позната беше во јавноста по дуетот со пејачот на Queen, Freddie Mercury на песната Barcelona. Песната беше оригинално објавена во 1987-ма година, а после смртта на Mercury, песната стана и химна на Олимписките игри 1992-та кои се одржаа токму во Барселона.