На 93-годишна возраст почина Ненси Грејс Роман, легендарниот специјалист на NASA, која сите ја познаваа како мајка на вселенскиот телескоп Хабл, најголемата опсерваторија на орбитата на Земјата.

Ненси Роман почина за Божик. Таа беше родена на 16 мај 1925 година во Нешвил, Тенеси, како единственото дете во семејството. Нејзиниот татко имал диплома по физика и математика, а неговата професија во областа на геофизиката го присилила семејството да се сели честопати.  Сепак, интересот за астрономијата, кај Ненси доаѓа од нејзината мајка. Една ноќ, кога семејството живеело во Мичиген, таа ја однела својата ќерка надвор и ги покажала соѕвездијата.

„Не се сеќавам точно на која возраст тоа беше, но се сеќавам дека тоа беше свесна одлука од моја страна”, се сеќава Ненси во едно од нејзините интервјуа.

За време на нејзиното работење во NASA, Роман била вклучен во многу научни проекти. Еден од нив бил и создавањето на вселенскиот телескоп кој може да работи во орбитата, со што се избегнува влијанието на атмосферата на Земјата. Оваа идеја за првпат беше изнесена од страна на астрономот Лајман Спицер во 1946 година, но таа беше одбиена поради високите трошоци и техничките потешкотии. Почнувајќи да размислува за овој потфат, во 1960 година Роман ги собрала астрономите од целата земја и ги ставила заедно со инженерите на NASA да разговараат за потребните услови за негова изградба.

Идејата по многу одржани состаноци добива и конкретен проект, кој е наречен Едвин Хабл и е лансиран во април 1990 година. Работејќи во орбита 28 години, телескопот до ден-денес продолжува да биде важен извор на астрономски податоци.