Како наближува крајот на една од најголемите телевизиски саги, така стигнуваат се повеќе информации за начинот на кој ќе заврши култната тв серија. „Game of Thrones“ веќе влезе во аналите на тв-продукцијата како една од најгледаните тв-серии кога било направени досега, па затоа креаторите на истата планираат на финалната сезона да и дадат посебен гламур и значење.

Имено,  David Benioff и D. B. Weiss размислуваат да го одбележат финалето на серијата си со проекции на големиот екран. Според идејата на креаторите, последниот сезона која ќе се состои од шест епизоди, со вкупно траење од шест часа, може да биде „склопена“ и прикажана како трилогија во кино-салите. Планот е да се направи проект сличен на „Господарот на прстените.

И креаторите и јавноста се уште се во исчекување на конечната одлука на HBO по ова прашање. Гласини од филмскиот канал велат дека тие имаат намера по завршувањето на шоуто да креираат филмска содржина составена од најимпресивните епизоди кои ќе бидат прикажани на големото филмско платно. Тоа е добар знак за оние кои не сакаат „GoТ“ да замине во историја.