После три години пауза, Roger Federer повторно настапува на АТП турнирот во Рим. Како трет носител, тој беше слободен во првото коло, а првиот меч ќе го игра денес (среда) против португалецот Joao Sousa. Досега, иако четири пати има играно во финалето на овој турнир, Federer ја нема освоено оваа титула. Тој изјави: „Го сакам овој град, ме усреќува. Секогаш уживам да играм во Италија. Тоа е државата во која најчесто играв додека бев во јуниорска конкуренција.“

Roger Federer

Малку необично е што организаторот на турнирот за двојно ја покачи цената на влезниците за денешниот ден и тоа откако Federer потврди дека ќе учествува на турнирот. Според Federer, на тој начин италијанскиот тениски сојуз сакал да ги награди оние гледачи кои од претходно купиле карти, без да бидат сигурни дали Federer ќе настапува на турнирот.