Синоќа се одржа 16-то издание на Детската Евровизија, а победник е Полска за која настапи Roksana Wegiel со песната „Anyone I Want to Be”. На второто место се најде претставничката на Франција – Angelina со песната “Jamais Sans Toi”, а на третото место Jael од Австралија со песната “Champion”.

Марија Спасовска која ја претставуваше Македонија настапи со песната “Дома” и заврши на 12-то место од вкупно 20 учесници.

Домаќин беше градот Минкс во Белорусија, а водители беа Eugene Perlin, Zinaida Kupriyanovich и Helena Meraai. Засега не е објавено името на домаќинот на следното издание, а интерес за учество имаат објавено Грузија, Холандија и Полска.