Научниците откриле 56 езера под мразот на островот Гренланд, објави BBC. Езерата има просечна должина од околу 1,4 км. Истражувачите започнале подлабока студија за многуте езера, надевајќи се дека ќе можат да дознаатт повеќе за хидрологијата под ледената покривка.

Како една од причините за нивното формирање, научниците укажуваат на површинскиот притисок и геотермалната топлина од јадрото на Земјата. Тие исто така тврдат дека во период на глобално затоплување овие езера покажуваат колку брзо мразот се топи и како се спојува со океанот.

Според истражувачите, ако мразот се стопи од целиот остров, светскиот океан ќе се зголеми за 7 метри.