Платите на фудбалерите во клубовите во Премиер лигата, се зголемија за 15% до 2,9 милијарди фунти во сезоната 2017-18 година. Присуството на пет тима во осминафиналето на Лигата на Шампионите помага приходите да достигнат 4,8 милијарди фунти и со тоа да се одржува баланс, вели анализата на Deloitte.

Високите такси за трансфери кои ги исплатуваат клубовите, исто така помагаат да се зголемат платите.  Клубовите од големата „шестка“ – Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем придонесуваат за 89% од профитот на лигата според даноците.

Овие клубови заработуваат повеќе од 53,4 милиони фунти неделно во споредба со 48,4 милиони за претходната сезона, додека останатите 14 тимови само 39,4 милиони фунти неделно, што е за 200.000 фунти помалку од претходната година.

Клубовите од Премиер Лигата исплатиле повеќе од 260 милиони фунти само за фудбалските агенти во последните 12 месеци до крајот на јануари 2019 година, што претставува зголемување од 49 милиони фунти во текот на претходната година.