Плажата Maya Bay која стана популарна во 2000-та година на која беа снимени дел од сцените од филмот The Beach со Leonardo DiCaprio ќе остане затворена. Причината за тоа е преголемиот туристички прилив на луѓе кои ја посетуваа оваа плажа во изминатите скоро две децении.

Leonardo DiCaprio

Плажата најпрво беше затворена на 1-ви јуни во период од 4 месеци за да започне обид за ревитализација на коралот и флората и фауната. Сепак, министерството за национални паркови, диви животни и конзервација на растенијата на Тајланд објави дека на екосистемот на таа локација му треба многу повеќе време за да може да се врати во првобитна состојба, па затоа плажата ќе биде затворена на неодредено време.

Maya Bay

Штетата на плажата ја правеле околу 6.000 посетители секој ден. Дури 80% од коралот е уништен од загадувањето кое го прават туристите.

Maya Bay