По летаргичното лето, кое ни донесе само неколку успешни наслови, не чека интересна филмска есен. Некои од најдобрите наслови веќе се претставени на филмските фестивали во Кан, Торонто и Венеција и допрва ќе бидат прикажани пред пошироката светска публика.

Иако филмот на Тарантино „Once Upon a Time in Hollywood“ се појавува како еден од фаворитите во 2019 година, посериозни и значајни филмови се поставени за премиера оваа есен, а на големиот екран допрва треба да видиме неверојатна разновидност на жанрови, режисери и култури.

Во продолжение ви нудиме пет наслови кои не би требало да ги пропуштите:

The Irishman

Во оваа мафијашка биографска драма, режисерот Мартин Скорсезе собира импресивна актерска екипа. Ал Пачино е лидер на синдикатот, кој исчезнува без трага, а осомничен за инцидентот е мафијашот Френки „Ирец“ Шеиран (Роберт де Ниро).

Hustlers

Некои го класифицираат овој филм како „Професија: Стриптизер“, само со женското водство, но ваквите зборови се, благо речено, неточни. Филмот на Лорен Скјфарија е приказна за криминал во срцето на Њујорк.

Ford v Ferrari

Во филмот на Џејмс Манголд, Мет Дејмон ја презема улогата на дизајнерот на автомобили Керол Шелби, кој беше ангажиран од Форд за да им помогне да ги победат Италијанците во трката за автомобили во Ле Ман во 1966 година.
Зад воланот е најдобриот возач што го знае Шелби – шармантниот Кен Мајлс (Кристијан Бејл).

The Lighthouse

Роберт Егерс ја продолжува идејата за „Вештерката“ и ни нуди ново темно патување низ чисто лудило. Двајцата чувари на светилникот – тивкиот Ефриам (Роберт Патисон) и мрачниот Томас (Вилијам Дефо) – имаат четири недели работа што ќе бидат исполнети со нервозни халуцинации, манични напади и епизоди на пијанство.

Knives Out

Чудо е што некој е во состојба да внесе нов живот во мистериозна приказна за убиство, но режисерот Рајан Џонсон е вистинската личност за таа цел. Неговиот нов филм е црна комедија која е далеку од ограничена на кривично дело.
Откако ликот на Кристофер Плумер е пронајден мртов, неговите алчни роднини влегуваат во лавиринт на мистерии, помогнати од еден локален детектив (го игра Даниел Крег).