За оние кои сакаат да читаат веројатно секој нов наслов е посебен предизвик. Од стартот на 2019 година, на светскиот пазар се појавија милиони нови наслови, но само некои навистина успеваат да станат Bestseller-и. Според авторитетниот „New York Times“ ова се 5-те најпродавани наслови во САД од почетокот на оваа година, до денеска.

 

Where the Crawdads Sing – Delia Owens

Во мирен град на брегот на Северна Каролина во 1969 година, една жена што преживеала самa во мочуриште станува осомниченa за убиство.

 

Cemetery Road – Greg Iles

Новинарот Маршал Мек Еван се враќа во неговиот роден град, кој е потресен од двa смртни случаи, a економијата е пред колапс.

 

Daisy Jones and the Six – Taylor Jenkins Reid

Измислена орална историја која го следи порастот и падот на рок-бендот од 70-тите години.

Silent Night – Danielle Steel

По трагедијата, една детска ТВ-ѕвезда ја губи меморијата и престанува да зборува.

 

The Chef – James Patterson

Калеб Руни, полициски детектив и славен готвач, мора да го исчисти своето име од обвиненија за убиство.