Како доаѓа новата година, така фудбалските клубови се посилно размислуваат за зимскиот трансфер пазар. Во него, не ретко знаат да се случат и финансиски тешки трансфери, иако многу поверојатно е токму таквите да останат за на лето. Сепак, порталот Transfermarkt.com си има своја листа на моментално петте најскапи фудбалери на планетава, во однос на сумата која би требало да биде реално проценета вредност на пазарот. Всушност, оваа сума не е идентична со веројатните барања кои ги имаат сегашните нивни клубови за евентуална нивна слобода, туку реална проценка на нивната моментална вредност на фудбалскиот пазар. Еве ја ТОП 5 листата на најскапи фудбалери за 2018-тата:

 

  1. Филипе Кутињо (Барселона)

Земја: Бразил

Цена на последен трансфер: 65 милиони евра

Сегашна вредност: 140 милиони евра

Напредок: +75 милиони евра (115%)

 

  1. Кевин де Бруине (Манчестер Сити)

Земја: Белгија

Цена на последен трансфер: 75 милиони евра

Сегашна вредност: 150 милиони евра

Напредок: +75 милиони евра (100%)

 

  1. Еден Азар (Челзи)

Земја: Белгија

Цена на последен трансфер: 75 милиони евра

Сегашна вредност: 150 милиони евра

Напредок: + 75 милиони евра (100%)

 

  1. Мохамед Салах (Ливерпул)

Земја: Египет

Цена на последен трансфер: 40 милиони евра

Сегашна вредност: 150 милиони евра

Напредок: + 110 милиони евра (275%)

 

  1. Килијан Мбапе (ПСЖ)

Земја: Франција

Цена на последен трансфер: 90 милиони евра

Сегашна вредност: 200 милиони евра

Напредок: + 110 милиони евра (122%)