Можеби изгледа неверојатно, но сепак е точно. Во последниве неколку недели полициска станица во североисточниот дел на Париз била нападната од болви. Инфестација е толку сериозна што ги присили полицајците да се откажат од доаѓање на своето работно место до понатамошно решавање на проблемот.

Сé уште не е јасно како болвите пристигнале во полициската станица, меѓутоа, она што е сигурно е дека самите полицајци истите си ги однеле и по дома. Според информациите во францускиот печат, голем дел од полицајците вработени во станицата ги пренеле болвите на својата облека и преку возилата и во своите домови. Паразитите сега се на мета на службите за дезинфекција и дератизација.