Главната награда на Канскиот филмски фестивал оваа година патува за Јужна Кореја. Имено, престижната “Златна Палма” ја доби филмот “Паразити” од јужнокорејскиот режисер Бон Џунг-Хо.


Станува збор за филм кое раскажува приказна за семејство на невработени кои решаваат да ја подобрат својата финансиска состојба на сметка на друго, богато семејство. Дополнително, филмот „Атлантик“, во режија на Мати Диоп, го освои Гран-прито на филмскиот фестивал. Наградата за најдобар актер му беше доделена на Антонио Бандерас за филмот “Болка и слава”. Најдобра актерка е Емили Бичам за нејзината улога во „Малиот Џо“.