За прв пат во последните 8 месеци првопласираните 3 филмови на кино благајните во САД се филмови кои минатата седмица започнаа да се прикажуваат. На врвот се најде Bohemian Rhapsody со заработени околу 50 милиони долари. На второто место е The Nutcracker and the Four Realms со заработени околу 20 милиони долари, а на третото место е Nobody’s Fool со заработени 14 милиони долари. На четвртото и петтото место се A Star is Born и Halloween со заработени по околу 11 милиони долари.

Bohemian Rhapsody беше дури 8 години во продукција, но се чини дека тоа ќе се исплати на кино благајните. Филмот имал буџет од околу 52 милиони долари, а со помош на заработката на светскиот пазар, буџетот веќе е исплатен. Надвор од САД, филмот досега има заработено околу 91 милиони долари, па тоа значи дека досегашната вкупна заработка е околу 141 милиони за само неколку денови од прикажување.

Во филмот The Nutcracker and the Four Realms главните улоги ги играат Keira Knightley, Morgan Freeman, Helen Mirren и Matthew MacFadyen, а на интернационалниот пазар има заработено околу 38.5 милиони долари.

За следниот викенд на оваа листа ги очекуваме Dr. Seuss’ The Grinch, The Girl in the Spider’s Web и Overlord.