Компанијата Space Adventures, единствениот оператор за вселенски туризам во светот, отворија апликација за туристички летови до Меѓународната вселенска станица (ISS) на бродот Starliner произведен од Boeing. Исто така, летот е возможен и на рускиот брод “Сојуз”.

Во периодот од 2001 до 2009 година, Space Adventures испратија седум туристи во вселената, меѓу кои и Американецот Чарлс Симони кој досега веќе двапати беше во орбитата.  Кон крајот на мај, компанијата CosmoCourse, која го развива рускиот приватен вселенски туризам, објави дека има намера да испрати кукла со ракета како проба за вселенскиот туризам.