Осаменоста зема таков замав што веќе се смета за епидемија. Таа особенос е шири меѓу лицата родени во новиот милениум.

Неодамнешната анкета на YouGov покажа фрапантни податоци за тоа како живеат младите денеска. Анкетата спроведена на репрезентативен примерок од 1254 Американци на возраст од 18 и повеќе години, покажа дека дури 30% од младите родени во новиот милениум, практично постојано се чувствуваат осамени иако на социјалните мрежи имаат илијадници „виртуелни“ пријатели.

20% од генерацијата „X“ (оние родени меѓу 60-тите и 80-тите на минатиот век) изјавиле дека се чуствуваат делумно осамени, додека 15% од оние на „бејби бум“ генерацијата родени во средината на 40-тите и раните 60-ти години) изјавиле дека се осамени.

Ова чувство на осаменост е поврзано со фактот, што родените во новиот милениуми немаат „пријател“, „близок пријател“, а уште помалку „најдобар пријател“. Дури 30% од испитаниците одговориле дека немаат најдобар пријател ниту го имале некогаш.