Иако помалку од очекуваното, Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald заработи околу 62 милиони долари на кино благајните во САД за време на викендот. Тоа е за околу 13 милиони помалку од првиот филм. Филмот има буџет од 200 милиони долари, па има обврска сериозно да заработи за да го оправда буџетот. Сепак, филмот заработи околу 191 милиони долари надвор од САД и има вкупна заработка од 253 милиони долари. Во филмот се појавуваат Eddie Redmayne, Jude Law, Ezra Miller, Zoe Kravitz, Katherine Waterston, Dan Fogler и Johnny Depp. Режисер е повторно David Yates, кој освен што го режираше првиот филм, режираше и 4 филмови од серијалот Harry Potter.

На второ место е шампионот од минатиот викенд – The Grinch кој во овој викенд заработи 38.2 милиони долари. Вкупната досегашна заработка на филмот е 151 милиони долари. На третото место е Bohemian Rhapsody со заработени 15 милиони долари, односно 384 милиони долари во досегашните прикажувања. Новитетите Instant Family и Widows заработија 14.7 односно 12.3 милиони долари. Главни кандидати од новите филмови за врвот за следниот викенд се Ralph Brakes the Internet, Creed II и Robin Hood.