Изминатиот викенд беше одличен за новите филмови кои се појавија во кино салите во САД. На првото место застана Shazam! кој заработи 53.4 милиони долари. Филмот е режиран од David F. Sandberg, а во улогите се појавуваат Zachary Levi, Mark Strong, Djimon Housou. Освен заработката во САД, Shazam! заработи и над 102 милиони долари надвор од САД.

На второто место се најде уште еден нов филм Pet Semertary, кој е базиран на романот со иста наслов од Stephen King. Ова е втора адаптација на романот Pet Semetary, бидејќи во 1989-та година беше снимена првата адаптација. Новата адаптација на Pet Semetary заработи околу 25 милиони долари во првиот викенд во САД како и 17.3 милиони надвор од САД.

На третото место е минатонеделниот шампион – Dumbo со заработени нови 18.2 милиони долари, а досегашната вкупна заработка ја достигна бројката од 213 милиони долари. Понатаму на листата се Us, Captain Marvel, The Best of Enemies, Five Feet Apart, Unplanned, Wonder Park и How to Train Your Dragon: The Hidden World. За следниот викенд ги очекуваме Missing Link, Hellboy, Little и After.