Во мноштвото светски наслови на најпопуларни романи, сепак, има некои кои посебно се издвојуваат со својата популарност. Новинската агенција “Express News” направи истражување за продаваните дела на сите времиња. На листата се најдоа 4 наслови кои се чини немаат конкуренција.

1) Најпродаваниот роман на сите времиња е делото на Мигел де Сервантес – „Дон Кихот“. Ова е едно од најпопуларните книжевни дела на целиот свет. Вкупна продажба на романот оди и над 600 милиони копии.

2) Второто место на листата е романот „Приказна за два града“”, напишана од Чарлс Дикенс.  До сега продадени се околу 210 милиони примероци од оваакнига во целиот свет.

3) Третото место е за фантастичниот роман „Господарот на прстените“ од Џон Роналд Реуел Толкин. До сега, многу автори се обидуваа да го повторат или дури и да го надминат успехот на Толкин со модерна фикција, но засега се далеку од неговата популарност.

4) На четвртото место е „Малиот Принц“. Роман на францускиот писател и аристократ Антоан де Сен Егзипери.