Медиската асоцијација EISA и оваа година ги објави добитниците на престижните награди од областа на IT технологијата. Во една од категориите, за најдобар смартфон, имаше жестока конкуренција, а во продолжение ги имате трите најдобро рангирани смартфони за сезоната 2019-2020.

HUAWEI P30 PRO

Со својата поставеност на четирите камери, Huawei оствари уште еден импресивен напредок во мобилната фотографија. Фотографиите со слаба осветленост се далеку најдобрите што моментално можете да ги добиете од некој паметен телефон, додека ултра широките леќи, режимот на портрет и перскопските 5х телефонски леќи ги надминуваат кој било од неговите конкуренти. P30 Pro исто така импресионира со својата неверојатна конструкција на водоотпорност, одличен екран, брз читач за отпечатоци од екранот и одличен век на траење на батеријата, поддржан и од кабелско и безжично полнење.

ONEPLUS 7 PRO

Изграден со употреба на најсовремен хардвер, OnePlus 7 Pro демонстрира што е потребно за да се заработи признанието за најнапреден смартфон на пазарот. Окта-јадрениот Qualcomm Snapdragon 855 чипсет се приклучува до 12 GB RAM меморија и до 256 GB меморија за складирање. Тројната задна камера која има фиксна 48-мегапикселна леќа, 8-мегапикселно телефото со тројно зумирање и 16-мекпикселен ултра широк објектив дава фотографии кои сигурно ќе ве импресионираат. И оние кои бараат супериорно селфи, нема да бидат разочарани, благодарение на 16-мегапикселната pop-up камера на предниот дел на телефонот.

XIAOMI REDMI NOTE 7

Со изграден квалитет достоен за предводник на модел, одлична задна камера од 48 мегапиксели, поддржана од 5-мегапикселен сензор за длабочина за ефектите bokeh, плус чипсетот Qualcomm Snapdragon 660, поврзан со 4 GB RAM и 64 GB вграден простор, го прави Xiaomi Redmi Note 7 еден од најдобрите смартфони кои можете д аги купите на пазарот сега. Неговата батерија со 4000mAh има поддршка за „брзо полнење“, и предниот и задниот дел од телефонот се заштитени