Во текот на вчерашниот ден, Авалон го најави концертот на канадската музичка ѕвезда Bryan Adams. Како што самите најавија, Adams ќе биде последната странска музичка ѕвезда за оваа година. Концерот ќе се одржи на 13-ти ноември 2019-та година во спортскиот центар Борис Трајковски. Синоќа Авалонци ги објавија и цените на билетите за концертот.

Билетите се поделени во 4 категории. Билетите во партер секцијата ќе бидат со цена од 1990 денари. Во втората ценовна категорија се наоѓаат седиштата во блоковите 1, 5, 6, 10, 11 и 15, а ќе бидат со цена од 2500 денари. Во третата категорија се наоѓаат седиштата во блоковите 2, 3, 4, 7, 8, 9, 12 и 14, а тие ќе бидат со цена од 2990 денари. Најскапите седишта ќе бидат со цена од 4000 денари и тоа се ВИП билетите кои се наоѓаат во блокот 13. Од Авалон објавија и дека нема да постои фан пит.

Bryan Adams е еден од најпознатите канадски музичари, за светската јавност најпознат по хитовите како “(Everything I do) I do it for you”, “Summer of ’69”, “Have you ever really loved a woman?” и многу други.