Фондацијата Laureus Sport for Good ги објави номинациите за годинешните Laureus World Sports Awards. Човекот со најмногу трофеи, годинава ќе остане без статуетка, а тоа е Роџер Федерер. Швајцарецот не е номиниран во ниту една категорија.

Во категоријата за Спортист на годината, номинирани се: Новак Ѓоковиќ (тенис), Луис Хамилтон (Формула 1), Леброн Џејмс (кошарка), Елуид Кипчоге (атлетика), Килиан Мбапе (фудбал) и Лука Модриќ (Фудбал).

Спортист на годината

За Спортистка на годината, номинирани се: Симон Билс (гимнастика), Симона Халеп (тенис), Анжелик Кербер (тенис), Естер Ледецка (скијање/сноубординг), Даниела Риф (триатлон), Микаела Шифрин (скијање).

Спортистка на годината

Во категоријата за Тим на годината, номинации добија: тимот на European Ryder Cup (голф), Француската фудбалска репрезентација (фудбал), Golden State Warriors (кошарка), Mercedes AMG Petronas (формула 1), Норвешки тим на зимските олимписки игри (зимски спортови) и Real Madrid (фудбал).

Тим на годината

За најголем напредок номинирани се: Ана Караско (моторциклизам), Софиа Гоџиа (скијање), Јакоб Ингебрицен (атлетика), Наоми Осака (тенис), Герант Томас (велосипедизам) и Бриана Вилијамс (атлетика).

Напредок на годината

Во категоријата за Враќање на годината, номинирани се: Јузуру Хану (уметничко лизгање), Марк Мекморис (сноубординг), Бибиан Ментел-Спи (параолимписки сноубординг), Винеш Фогат (борење), Линзи Вон (скијање), Тајгер Вудс (голф).

За најдобар спортист во спорт од параолимписката програма, номинирани се: Хенриета Фаркасова (скијање), Диде де Грут (тенис во количка), Брајан Меккивер (крос кантри скијање), Оксана Мастерс (крос кантри скијање), Григориос Поличронидис (бочиа), Маркус Рем (атлетика).

Во категоријата за најдобар спортист во акциски спортови, номинации добија: Маја Габеира (сурфање), Ана Гасер (сноубординг), Стефани Гилмор (сурфање), Клое Ким (сноубординг), Габриел Медина (сурфање) и Шон Вајт (сноубординг).

Доделувањето на наградите ќе се одржи на церемонијата во Монако на 18-ти февруари 2019-та година.