Пивото ќе стане поздраво само за да се зголеми екстремно намалената побарувачка. Пиварите се обидуваат да го привлечат вниманието на купувачите со пијалоци со ниска или нула содржина на алкохол, кои изобилуваат со витамини и електролити и се со помалку калории.

Продажбата на пивото падна за 1,5% во 2018 година, што е ново зголемување за разлика од 2017 година. Sierra Nevada Brewing Company, третата по големина пивара во САД, минатиот месец објави дека ја купила компанијтаа за производство на нискоалкохолни пијалоци Sufferfest Beer Company. Пивото со намалена содржина на глутен се рекламира како “здраво пиво” и им се продава на спортисти, бидејќи содржи електролити и морска сол. Овие состојки помагаат да се врати енергијата.

“Пијалоците со ниска содржина на алкохол или безалкохолни пијалоци се во интерес на многу пивари, особено во САД, бидејќи здравјето е огромна реклама, која стимулира многу продажбата на пакувани стоки за широка потрошувачка”, вели Џулија Херц, директор на програмата за крафт пиво во Здружението на пиварите.

Здружението на пивари во 2018 година во своја анкета утврди дека 40% од пиварите веќе произведуваат пијалаци кои не се вклопуваат во категориите на традиционално пиво и вклучуваат безалкохолни или пива со ниска содржина на алкохол. Повеќе од половина од компаниите ќе размислат за производство на слични производи.