Пливањето во пиво не е мит, туку реалност. Покрај тоа, овој тренд полека почна да ја зафаќа цела Европа, па освен во Чешка и Германија кои се познати како едни од најголемите производители на пиво, пивски бањи почнаа да се отвораат и низ други земји. не се сомневаме дека наскоро ова ќе дојде и во овие простори, но останува да видиме дали ќе стане хит.

Во Москва од неодамна има ваква пивска бања, која е засилена со посебна сауна каде можете да се „чадите“ со миризливи лековити билки и жешка пареа. Оваа сауна е вид на мини-сауна направена од кедрово дрво. Откако ќе поминете некое време во неа, добивате хидромасажна процедура во када со пиво. Потоа, заминувате на релаксирање на мирисна слама придружена со релаксирачка музика.

Како бонус, корисниците можат да уживаат во вистинско пиво, бесплатно.